Борис Џонсон – премиерот на Велика Британија тврди дека нападот врз градинка во источна Украина бил „операција под лажно знаме со цел да ги дискредитира Украинците“.
„Стравуваме дека такви нешта ќе видиме повеќе во текот на следните неколку денови“ – рече Џонсон.
Тој рече дека ситуацијата во Украина и понатаму е исклучително тешка. Додаде дека Лондон се надева дека заканата од зајакнат пакет санкции ќе помогне да се обесхрабри Русија да ја нападне источноевропската нација.
„Денеска, како што сум сигурен дека веќе сфативте, детска градинка беше гранатирана во операција под лажно знаме дизајнирана да ги дискредитира Украинците, дизајнирана да создаде изговор, лажна провокација за руска акција“ – истакна Џонсон.