Џонсон: Моја порака до Г-7 и НАТО – сега не е време Украинците да се согласат на лош мир!

Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон, оцени дека Г7 и НАТО не треба да ја охрабруваат Украина да постигне „лош“ мир со Русија, што би значело откажување од делови од нејзината територија.

Неколку дена пред самитот на Г7 во Германија и НАТО во Шпанија, Џонсон вчера се осврна за ситуацијата во Украина за време на посетата на главниот град на Руанда, Кигали

„Мојата порака до колегите од Г-7 и НАТО би била следна: Сега не е време да ги охрабруваме Украинците да се согласат на лош мир, мир за кој од нив е побарано да отстапат делови од нивната територија во замена за прекин на огнот. Мислам дека тоа би било катастрофа“ – рече Џонсон.