Џонсон: Западот не треба да ја охрабрува Украина да се согласи на „лош“ компромис со Русија!
Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон денеска рече дека Западот не треба да ја охрабрува Украина да се согласи на „лош“ компромис со Русија, бидејќи тоа би било „морално одвратно“.
„Поттикнување на лош мир во Украина значи да се охрабри рускиот претседател Владимир Путин и сите оние во светот кои мислат дека агресијата се исплати. Тоа би било грешка и би ја отворило вратата за повеќе конфликти, повеќе нестабилност, поголема несигурност во светот и повеќе економски тешкотии. Знам дека некои, не во оваа земја, туку на други места, веруваат дека цената на поддршката за Украинците сега е превисока и дека треба да се охрабрат да се согласат со она што го бара Путин. Да се напуштат Украинците би било морално одвратно“ – рече Џонсон
Според него, рускиот претседател „никогаш нема да може да ја потчини Украина и колку побрзо го сфати тоа, толку подобро, но не смее да му се дозволи да постигне делумен успех со голтање дел од земјата како што правеше претходно и прогласување прекин на огнот“.