Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон на денешниот владин состанок се заложи за обезбедување поголема воена помош за Украина.
„Премиерот оддаде почит на жестокиот отпор на украинскиот народ наспроти бруталните и нехумани постапки на режимот на Путин“ – изјави портпаролот на британската Влада.
Тој појасни дека „Џонсон рече дека дејствијата на Путин веќе го преминале прагот на варварството и западот не треба да се двоуми да продолжи понатаму во зајакнувањето на санкциите и обезбедувањето дополнителна одбранбена воена помош за Украина“.