Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон вети дека ќе ја продолжи воената поддршка за Украина во вчерашниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Премиерот ја истакна тековната посветеност на Велика Британија да работи заедно со меѓународните партнери за да ја координира поддршката за зајакнување на самоодбраната на Украина“ – се наведува во соопштението од Даунинг стрит.
Лидерите ја истакнале континуираната важност на санкциите за вршење притисок врз рускиот претседател Владимир Путин и ги осудиле одвратните напади врз невините цивили, по ужасните бомбардирања во Мариупол, се додава во соопштението.