„Велика Британија сè повеќе ќе и помага на Украина, а тоа ќе трае се додека ѝ треба помошта“.
Ова го изјави британскиот премиер Борис Џонсон на донаторската средба во Лондон наречена „Храбра Украина“.
„Што и да се обиде Путин да му направи на украинскиот народ, тој никогаш нема да го скрши нивниот дух“ – изјави Џонсон.
Премиерот на Британија го пофали украинскиот претседател – Володимир Зеленски, велејќи дека тој е „еден од најневеројатните лидери на модерното време“.
Џонсон потенцираше дека целта на настанот „Храбра Украина“ е да се соберат „витални средства за хуманитарен одговор на конфликтот“.