Победата на холивудскиот актер Џони Деп во случајот за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, може да му помогне да се врати директно на холивудската А-листа.
Експертот за односи со јавност Александра Вила, која ги застапува ѕвездите и филмовите номинирани за Оскар во последните две децении, е убедена дека ова ќе биде огромен чекор напред во кариерата на Деп и дека актерот би можел да стане најплатениот досега.
„Кариерата на Џони сега вртоглаво ќе расте“, изјави Вила.
Потоа се осврна на неговата кариера.
„Џони заработи милијарди долари во последните неколку децении. Тој има 40 години работа зад себе и проекти кои публиката ги сака”, објасни таа.
Исто така, Александра рече: „Меѓу јавната поддршка е, на пример, парфемот Sauvage, чиј заштитен знак е тој, кој се продава во рекордни количини, а ТВ мрежите во Соединетите Американски Држави еден по друг го објавуваат „Пиратите од Карибите“.
ПР експертот објасни дека поради случувањата во минатото Џони ја „оголил душата“ пред јавноста, но сега ќе му биде вратен угледот.
„Џони мораше да го објави целиот свој живот, и добар и лош, но тоа не го направи за пари, туку за да си го врати угледот“, рече таа и додаде дека актерот тоа го направил за своите деца.
Запрашана дали мисли дека Дизни повторно ќе го ангажира за нивното планирано продолжение на „Пиратите од Карибите“, Вила одговори: „Џони беше златното момче на Дизни кога „Пиратите“ заработија милијарди, па – никогаш не вели никогаш“.