Џони Деп побара 50, но ќе добие отштета од 10 милиони долари од екс-сопругата

Поротата смета дека Амбер Хард дала клеветнички изјави за нејзиниот поранешен сопруг, холивудската ѕвезда Џони Деп со пишувањето авторски текст за наводно преживеано сексуално и семејно насилство.

Хард, која поднесе противтужби за клевета, доби само една од трите ставки против актерот во судскиот процес кој се следеше во целиот свет.

Двајцата се обвинија меѓусебно за злоупотреба и нанесување штета во кариерата. Судот во Калфорнија ја соопшти пресудата. Хард беше во судницата, додека Деп бил во Велика Британија.

„За разочарувањето што го чувствувам денеска, нема зборови. Скршена сум што планината докази не беа доволни за да се спротивставам на непропорционалната моќ, влијание и маневрите на мојот поранешен сопруг“ рече изјави Хард по пресудата.

Иако актерот побара 50 милиони долари, ќе добие 10 милиони долари за компензаторна штета и 350.000 казнена отштета.

Хард добива 2 милиони долари за компензаторна штета, но не и казнена отштета.

Деп ја тужеше Хaрд за клевета поради авторски текст од 2018 година што таа го напиша за Вашингтон пост во кој се опиша себеси како „јавна личност што претставува цел на семејно насилство“.

Хaрд и Деп се запознаа во 2009 година и беа во брак од 2015 до 2016 година.

Судењето за клевета донесе вкупно над 100 часа сведочење. Беа сослушани десетици сведоци, вклучително и сведочењето во живо на Деп и Хaрд.