Адвокатите на актерот – Џони Деп пред суд ги предале материјалите од тужбата за клевета против Амбер Хард, поранешната сопруга на актерот.
Деп (58) ја тужи Хард (35) за клевета и бара од неа отштета од 50 милиони долари. Деп притоа тврди дека Хард го наклеветила во нејзин напис во „Вашингтон пост“ од декември 2018 година, каде што таа тврди дека преживеала семејно малтретирање.
Хард го објавила текстот непосредно пред почетокот на прикажувањата на филмот „Аквамен“ – нејзиниот најголем успех досега, со намера да си го зголеми публицитетот и во полза на нејзината кариера.
Адвокатот на Хард, Елејн Бредхофт изјави дека за време на нивно патување во Австралија во 2015 година, Деп „ја влечел својата тогашна сопруга по под, ја удирал со тупаници и со нога“, а потоа извришил и „насилна пенетрација со шише пијалак“ во неа.
Пред Врховниот суд во Лондон претходно, Хард сведошеше дека Деп, по консумирање дрога и алкохол, се претворал во „љубоморно чудовиште“ и оти ѝ се заканувал дека ќе ја убие.