Американскиот професор Едвард П. Џозеф оцени дека посетата на шефот на ЦИА – Вилијам Барнс на Косово и другите балкански држави ја претставува загриженоста на Вашингтон за тензиите и потенцијалот за некаков вид конфронтација на Балканот, пишува „Клан Косова“.
– Ова не е среќна посета, не е Бил Клинтон, Хилари Клинтон, некаква посета на ниво на секретар, како државниот секретар Ентони Блинкен или нешто слично. Тоа не е добро, бидејќи Вилијам Барнс моментално е многу сериозно вклучен во преговорите за прекин на борбите меѓу Израел и Хамас, што е главен приоритет на американската администрација. Кој и да дојде на Балканот, да ги посети Косово, Србија, Босна, веројатно ќе застане во Бугарија и Северна Македонија – изјави Џозеф за РТК.
Американскиот професор вели дека не знае каква порака пренел Барнс на средбите.
Според неговите зборови, постои надеж дека оваа посета на Косово ќе доведе до позитивен развој и подобрување на односите меѓу владата на Косово и САД на начин предложен од американскиот амбасадор – Џефри Ховениер.