Џирона има херој – фудбалерот кој по цели 76 години во Ла Лига му даде 4 гола на Реал Мадрид

Џирона синоќа во рамки на 31.коло во Ла Лига го победи Реал Мадрид со 4:2, а сите четири погодоци за домашниот тим беа дело на 29. годишниот Аргентинец Валентин Кастеланос.

Тој според „Трансфермаркт“ вреди околу 10 милиони евра, на синоќа испиша историјата на Ла Лига.

Кастеланос е првиот играч по цели 76 години што успеал да постигне четири гола против Реал во натпревар во Ла Лига.

Овој подвиг претходно во Шпанија му успеал на уште еден Аргентинец, Диего Милито, како играч на Сарагоса, во Куп натпревар одигран во 2006 година.

Кастеланос сезонава одигра 28 првенствени натпревари за својот тим и на нив постигна 7 гола.