Џејмс Милнер испиша историја во Премиерлигата

Англискиот фудбалер Џејмс Милнер на натпреварот Брајтон – Евертон во првото коло од англиската Премиерлига стана апсолутен рекордер.

Милнер влезе во својата 23. сезона во Премиерлигата, нешто што никој досега не го направил.

За споредба, неговиот тренер, 31-годишниот Германец Фабијан Хурцелер, кој го вклучи во денешниот состав, имаше само девет години кога Милнер го одигра првиот натпревар во Премиерлигата.

Првиот дуел во англиската елита тој го одигра во 2002 година, во дресот на Лидс Јунајтед, а низ годините играше и за Њукасл, Свиндон, Астон Вила, Манчестер Сити и Ливерпул.

Трипати Милнер беше шампион во Премиерлигата, од кои двапати со Манчестер Сити и еднаш со Ливерпул.

Вкупно, тој забележа 634 настапи во најдобрата лига на Островот и постигна 55 гола со 87 асистенции.