Џеси Џеј откри дека пати од опсесивно компулсивно нарушување

Пејачката Џеси Џеј откри дека и е дијагностицирано опсесивно компулсивно нарушување (OCD) како и нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание (ADHD).

Таа на Инстаграм објави дека нејзината бременост и породување минатата година изнеле многу нешта на виделина.

Пејачката напишала дека донекаде чувствувала дека пати од овие нарушувања, но раѓањето на нејзиниот син сето тоа го извадило на виделина, пренесе Гардијан.