Џеко испиша историја во ЛШ со голот против Милан

Интер синоќа го победи Милан со 2:0 во првиот полуфинален двобој на миланските гиганти во ЛШ, а првиот гол за „нероаѕурите“ го постигна Един Џеко. Со тој гол босанскиот напаѓач испиша историја во Лигата на шампионите.

Капитенот на репрезентацијата на БиХ постигна гол на 37 години и 54 дена и стана вториот најстар играч кој постигнал гол во полуфинале на ЛШ.
Рекордер и понатаму е Велшанецот Рајан Гигс кој помеѓу стрелците се запиша на 37 години и 148 дена. Играчот за врска на Манчестер Јунајтед тоа го направи во 2011 година во победата против Шалке од 2:0.

На третото место е Филип Коку со 34 години и 187 дена, а потоа следи Чаби Алонсо со 34 години и 160 дена.

Џеко се изедначи со Хрватот Лука Модриќ кој е на петото место кога во прашање се најстарите стрелци вкупно во Лигата на шампионите.

Постари од него кои постигнуваа голови се Франческо Тоти (38 години и 59 дена), Рајан Гигс (37 години и 289 дена) Филипо Инзаги 37 години и 86 дена и Хавиер Занети 37 години и 71 ден.