Талат Џафери – претседателот на Собранието испрати честитка по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам до сите припадниците на исламската вероисповед во земјава.
„Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да го честитам првиот ден на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, на сите припадници на исламската вероисповед во земјава и каде и да се наоѓаат надвор од неа, со надеж дека месецов што го оставаме зад нас, постењето, посветените молитви и добрите дела кон човечките суштества во потреба успеаја да ни ги исчистат душата, мислите и телото од негативните мисли, отровните влијанија и незавидните постапки“ се вели во честитката на Џафери.
Тој изразува надеж дека празникот ќе поттикне повисока совесност за меѓусебна почит, чувство на солидарност и хуманост.
„Се надевам дека сите посветени верници ќе го пречекаат Бајрам во една повисока димензија на облагородување и совесност на умот и телото и таа иста енергија ќе ја споделуваат со блиските, со пријателите и познаниците, со познатите и непознатите, за празничниот дух и мирис да ги исполни сите домови и да зрачи топлина и светлина која ќе ги грее срцата, ќе донесе мир и спокој во душите и ќе упатува кон градење на меѓусебна почит, чувство на солидарност и хуманост. Ова се тешки времиња на искушенија за човештвото, кризите се надоврзуваат една по друга. Нека празникот не сплоти сите во молитвите, нека донесе мир, хармонија и благосостојба за сите. Уште еднаш, честит Рамазан Бајрам и за многу години да го празнуваме“ – вели Џафери.