Собранискиот спикер – Талат Џафери изјави дека не чувствува потреба да им се извини на службениците за кажаните зборови што се слушаат на неодамна објавената аудио снимка.
„Јас немам објаснување за тоа, во смисла на објаснување. Јас сум претседател на Собранието и со Деловникот на Собранието е пропишана мојата надлежност. Меѓу другите надлежности е да ја следам работата на службата. Покрај тоа треба да создадам услови и предуслови за работа на службата. Ако некој мисли дека службата треба работното време да го помине на улица „Македонија“ претпоствувам дека граѓаните не посакуваат таква служба, ниту во Собранието, ниту во која било институција“ – рече Џафери.
Тој потенцира дека ги направиле сите предуслови за да создадат соодветни услови за службата, и статусно и материјално и институционално.
„Ако некој мисли дека ќе ја пуштам службата работното време да го помине на улица „Макединија“, се лаже. Ни помалку, ни повеќе не барам. Да бидат на свое работно место колку што е пропишано, осум часа имаат време да бидат на свое работно време, осум часа треба да се на работното место“ вели Џафери.
Апелираше до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да водат сметка за она што го направиле.