Спикерот на Собранието, Талат Џафери, на брифинг со новинарите зборуваше за можните датуми за распишување на претседателски избори, како и за роковите. Тој сподели три можни датуми за прв и втор круг, пренесува Скопје1.
• Инаугурацијата на Претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година
• Изборите се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат
• 60-те последни дена се во рамки на датумите 14 март и 12 мај 2024 година
Изборите се одржуваат во два изборни круга:
– Прв круг: најрано 14 март 2024 година
– Втор круг: најдоцна 8 мај 2024 година
• Изборите ги распишува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија (член 12 од Изборниот законик)
• Од денот на распишување на изборите до денот на гласање рокот е: не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена.
– Прв круг: ако бидат на 14 март, тогаш распишување на изборите треба да биде на 4 јануари 2024 година (минимум 70 дена)
– Втор круг: ако бидат покасно на 8 мај (тогаш во овој случај, Прв круг треба да бидат на 24 април), распишување на избори ќе треба да биде на 27 февруари, што обезбедува најмалку 70 дена до избори.
МОЖНИ ДАТУМИ (14 март – 8 мај)
– Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.
– Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај)