Џафери: На координација во понеделник ќе се договара кога да се расправа за францускиот предлог

„На редовната понеделничка координација во Собранието ќе се разговара за тоа кога би можело да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година“.

Ова денеска го изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, додавајќи дека за тоа ќе се разговара на координацијата на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за евроинтеграции – Бојан Маричиќ.

„В понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот“, вели Џафери.

Појасни дека пленарната седница за ребаланс на Буџетот која треба да трае најмногу 5 дена доколку има потреба ќе биде прекината и ќе биде закажана нова седница на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата.