Џафери на Аудиенцијата кај Папата Франциск: Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски

На Аудиенцијата кај Папата Франциск, му ја честитав 10-годишнината од Понтификатот и му посакав долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност, напиша претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери на неговиот фејсбук профил.

Џафери при средбата потсетил дека веќе сме полноправни членки на НАТО Алијансата и сме активни чинители во одржувањето на глобалниот мир.

Џафери на средбата со папата Франциск, посочил дека двете држави се нераскинливо поврзани преку историски врски на важните личности од заедничкото минато, кои се темелат на заедничките историски, културни и верски традиции.

-Но постои широк потенцијал за понатамошно унапредување на тоа партнерство, како на билатерален, така и на меѓународен план, особено преку Националната библиотека „Св.Климент Охридски“- Скопје и Ватиканската библиотека, како и меѓу тајниот Архив на Ватикан и Државниот архив на МК, меѓу Институтот за национална историја на Северна Македонија и Ватиканската библиотека и Архив во размената на научно – истражувачки работници, како и преку потпишување на меѓудржавен договор за регулирање на надлежностите во сферата на високото образование меѓу двете држави, по моделот на вакви слични договори што ги има Светата Столица со земји од регионот“ – рекол претседателот на Собранието.