Џафери: Има време до избори сите да извадат пасош, само треба да се пријават
Денес на прес-конференција техничкиот премиер Џафери тврди дека сите 100 илјади граѓани што до изборите ќе останат само со стар пасош ќе можат да го извадат за да можат и да гласаат, но треба прво да го побараат. Тој денеска извади статистика со која тврди дека во февраури за пасош аплицирале речиси 124 илјади граѓани, а во рака патната исправа ја земале дури 95 илјади од нив. Џафери не ги прифаќа забелешките дека во февруари се земаа пасоши за кои се аплицирало пред неколку месеци.
Тој кажа: “Јас дома имам петмина што немаат документи, ама и не побарале. Имајќи предвид дека има уште 50 дена, со оваа динамика за тие 100 илјади што се врти како информација дека немаат документи, во март може сите да се опремат со соодветни исправи. Што со евентуално определен број граѓани што ќе немаат документи е тема за размислување за нас. “
Министерот за внатрешни работи Тошковски пак, потврдува дека диманиката за издавање на пасоши е забрзана, но сепак, за целосна замена на посошите вели ќе требаат 8 до 9 месеци. Тој го повика лично Џафери да дојде и да издава пасоши ако толку знае, а повика и да се изгласаат измените на Изборниот законик за гласање да важат и старите пасоши.
Заменик министерот Бојмацалиев пак, ги активирал внатрешните контроли да утврдат кој е виновен за тоа што готови пасоши не можат да се издадат на граѓаните.