Џафери го честита 18. август – Денот на АРМ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати честитка по повод денот на АРМ.

„Почитуван генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски

Во име пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија Вам, на војниците од сите чинови, цивилните службеници во Армијата на Република Северна Македонија и на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Во овие 30 години припадниците на Армијата несебично се посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Република Северна Македонија и секојневно придонесуваат во безбедноста и стабилноста на државата. Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите; затоа граѓаните на Република Северна Македонија имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на Армијата. Имав чест и привилегија да бидам дел од Армијата и да придонесам во остварување на Евро – Атлантските цели на државата како офицер во АРМ, заменик министер и министер за одбрана – периоди од мојата кариера на кои со гордост се навраќам.

Подготвеноста и посветеноста на нашата Армија ги препозна и светот, преку рамноправното учество на нашите војници во меѓународните мировни мисии, успешната меѓународна соработка на Армијата во време на бегалската криза, па се до нашето долгопосакувано полноправно члество во НАТО во 2020 година, со што Армијата официјално го доби заслуженото место на активен чувар на светскиот мир.

Честит 18-ти август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија!“ се вели во честитката на претседателот на Собранието.