Џамбазов ја „размрда“ македонската естрада: Јас сум за нив умрен човек!

Лавина од реакции, пред се на социјалните мрежи, покрена неодамнешната објава на шоуменот Игор Џамбазов во која тој се обрати до сопствениците на дискотеки и локали. Џамбазов е гневен што се ангажираат „полуанонимни пејачки од Балканот“ на сметка на македонските естрадни уметници.

„Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (со букви: пет) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас, дечки, сум недостапен… Дур сум жив“ – објави Игор Џамбазов на Инстаграм.

По оваа објава имаше многу коментари и поддршка од бројните следбеници, но и од колеги – уметници.

Сепак, има и такви кои велат дека домашните изведувачи немаат што да понудат за разлика од балканскиот пазар кој е многу поширок.

На ова Џамбазов за магазинот „Бекстејџ“ додаде:

„Не да не ме канат, нека не ми се јавуваат воопшто. Јас сум за нив умрен човек“.