Европратеникот Ангел Џамбазки – копретседателот на бугарската ВМРО со свој коментар за протестите во С. Македонија.
„Оваа омраза против Бугарија и се што е бугарско е организирана одамна во Кремљ, така што руската поврзаност е јасна. Русија секогаш се обложува на Србија, врти грб и ги загрозува бугарските интереси. Организаторот на целото дело е секогаш еден, а тој е во Кремљ“ – нагласи Џамбазки.
Според него, можеби ќе дојде на гласање за францускиот предлог, но не може да се каже дали ќе се направат потребните уставни измени.
„Немаме пријатели на темата Македонија. Мора да се потпреме на сопствените сили и да го заштитиме нашиот интерес. Загрижен сум дека нема да се менува Уставот, дека нема да се потпишат протоколите“, нагласи Џамбазки.
Според него, постои реална опасност од голема тензија меѓу Бугарија и Северна Македонија доколку продолжат протестите и ширењето на говорот на омраза.