Украинската пејачка Џамала, победничката на Евровизија 2016, изјави дека Украина не може да го бојкотира овогодинешниот натпревар бидејќи, како што наведе, на нејзината земја и треба можност да ја потсети Европа на инвазијата на Русија.
Џамала истакна дека Украина не може да го бојкотира овогодинешниот избор за песна на Евровизија, на кој повикаа некои уметници поради учеството на Израел, кој спроведува офанзива во Појасот Газа, пишува Гардијан.
Џамала рече дека треба да се искористат можностите за да се привлече вниманието на јавноста кон војната во Украина, за која, како што наведе, интересот е намален.