„Ѝ го земала работното место, станала директорка, па не ја вработува“: Скандал во Пехчево

Доктор Марија Арсова Апостоловска е специјалист по Детска и превентивна стоматологија и веќе години води битка да почне со работа во ЈЗУ Здравствен дом – Др. Иван Ѓорѓиев во Пехчево, но не успева затоа што актуелното раководство под капа на доктор Руменка Станоевска не и дозволува, иако пред неколку години била прворангирана на конкурсот, објави Фокус.

Според документите со кои располагаме, се почнува кога во исто време, поточно во 2019 година сега актуелната директорка, која тогаш не била на позиција и Апостоловска конкурираат на оглас за работно место во Здравствениот дом, при што иако таа била прворангирана, работата ја добила сегашната директорка, која од незаконско вработување, добила и функција.

Со оглед на неправдата, која и се случила, доктор Арсова-Апостоловска не ги оставила работите така и правдата ја побарала по судски пат.

Првично, Основниот суд во Берово не пресудува во корист на доктор Апостоловска, но затоа пак Апелациониот ја преиначува одлуката, а Врховниот суд ја потврдува.

Документите покажуваат дека од доставените материјални докази било утврдено дека актуелната директорка на огласот конкурирала со неважечка лиценца. Во меѓувреме, ја назначуваат за прв човек на Здравствениот дом, а оттука следува и пресудата од Апелациониот суд, во која изричито пишува дека мора сама на себе да си потпише отказно решение, поради незаконско вработување.

Целата вест може да ја прочитате ТУКА.