Илхан Ќучук – бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот Парламент предупреди дека за Бугарија ќе се зборува како за проблематично дете на Европската Унија, особено ако се пристапи и кон раздвојување на Скопје и Тирана во пристапниот процес.
„Многу е опасна тезата за разделување на двете држави. Ќе биде многу тешко во иднина да ѝ објасниме на Северна Македонија како сме дозволиле Албанија да започне преговори, а не сме ѝ дале поддршка и зелено светло на братска Северна Македонија. Ако сега го дозволиме тоа, потоа многу тешко ќе биде враќањето на двете држави во еден процес. Допрва треба да се донесат важни одлуки, донесени од сите“ вели Ќучук во емисијата „Брисел 1“ на Бугарија ВО ЕТЕР.