Ќорсокак во разговорите меѓу Србија и Косово: Курти прифатил, но Вучиќ одбил да го потпише докумнетот

Лидерите на Србија и Косово ги прекинаа разговорите без резултат и покрај притисокот на Европската унија да ги убеди да ги нормализираат нивните односи. Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти се сретнаа во Брисел со лидерите на Франција, Германија и Италија, плус двајцата претставници на ЕУ кои го надгледуваат „дијалогот“ меѓу нив. Како и во претходните рунди разговори, и двајцата се обвинуваа меѓусебно за ќор-сокакот. Косовската влада соопшти дека Курти бил подготвен да го потпише договорот, од 27 февруари 2023 година и Анексот за спроведување на Охридскиот договор од 18 март 2023 година.

– Овие договорени документи се заеднички успех со Европската унија. Договореното мора да се спроведе во целост, без услови, без одлагања, се цитира Курти во соопштението.

Но Вучиќ одбил да потпише и побарал да се прифати дополнителен документ со кој практично се укинуваат трите принципи на Основниот договор, Анексот за спроведување и Нацртот предложен од петте емисари. Вучиќ рече дека секогаш е подготвен да потпише се што е потребно за да се исполни, кога станува збор за решавање на ситуацијата на Косово и Метохија, но никогаш за присуството на Косово во ОН и за прашањето за независноста на Косово, за територијалната интегритетот на Косово.

„Подготвен сум да потпишам што сакате, од сè што треба да исполниме, освен овие работи што ги кажав – присуството на Косово во ОН и прашањето за независноста на Косово, територијалниот интегритет на Косово, не, сè друго – да, “ рече претседателот на Србија.

Вучиќ истакна дека тоа го повторил многу пати, и дека ништо не е ново.

Говорејќи по разговорите, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ги повика двете страни да ги продолжат разговорите, велејќи им дека тоа е „единствениот начин за нив да напредуваат на европскиот пат. Големи се стравувањата од обновување на насилството што ги одбележа односите меѓу Косово и Србија откако Косово еднострано се отцепи од Србија во 2008 година. Белград никогаш не го прифати овој потег. Големата престрелка во северно Косово минатиот месец ги поттикна Европејците на итна акција.