Комисијата за заразни болести денеска ќе заседава, а едно од прашањата кое ќе се најде пред нив е и дали да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, со оглед дека расте бројот на заразени.
Досега потврдени 12 случаи на голема кашлица во земјава, 10 се во Скопје и најалармантна е состојбата во општина Аеродром каде има 8 потврдени со голема кашлица.
Доктор Ненад Лазаров, како и повеќето лекари, смета дека вакцинацијата е клучна.
– Вакцините за пертусис не штитат толку долго колку што би сакале ние, постои потреба од обновување на 10-тина години. Пред сериозен ризик сме да има поголемо ширење бидејќи се работи за исклучително заразна болест, предупреди тој.
– Сите референтни институции препорачуваат трудниците да се вакцинираат помеѓу 27 и 34 со цел да му овозможат имунитет на новороденото од првиот здив. Пертусис е пресериозна болест за новородено, доколку заболат, 9 од 10 бебиња до 3 месеци ќе бидат хоспитализирани на минимум една недела, а кашлицата трае со месеци, тоа не е обична кашлица, како тоа драматично изгледа и звучи сами гуглајте ако сакате да видите зошто се вика магарешка. Има начин и безбеден е, порача тој алудирајќи на имунизацијата – вели д-р Лазаров.