Ќе се пребројуваат гласовите на 14 отсто од избирачките места во Грузија

Во Грузија денеска ќе се пребројуваат гласовите на пет избирачки места во секоја изборна единица откако проевропската опозиција Коалиција за променија обвини владејачката партија Грузиски сон за измама и кражба на парламентарните избори, соопшти изборната комисија

Во Грузија денеска ќе се пребројуваат гласовите на пет избирачки места во секоја изборна единица откако проевропската опозиција Коалиција за променија обвини владејачката партија Грузиски сон за измама и кражба на парламентарните избори, соопшти изборната комисија.

– Пребројување на гласовите ќе има на 14 отсто од избирачките места во Грузија Брисел и Вашингтон побараа од Тбилиси да отвори истрага за наводите за изборни нерегуларности.

На покана на опозицијата и претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили синоќа десетици илјади Грузијци мирно протестираа за да ги осудат резултатите од парламентарните. Зурабишвили ги осуди софистицираните методи на измама, слични на оние што се практикуваат во Русија.

Четирите опозициски партии кои освоија пратенички мандати не ги признаваат изборните резултати и најавуваат бојкот на Парламентот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги отфрли неоснованите обвинувања и негираше какво било мешање на неговата земја во изборниот процес во Грузија.

Набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изјавија дека забележале нерегуларности како што се купување гласови, заплашување гласачи и изборна измама, што би можело да има одредено влијание врз исходот од изборите.