Ќе се легализираат големи дивоградби, но само ако постават фотоволтаици

Енергетската криза ќе ги легализира и големите дивоградби. Компаниите, кои имаат бесправно изградени објекти ќе добијат решенија за легализирање на нивниот бесправно изграден имот, доколку постават фотоволтаици на крововите во рок од една година, пренесе Телма.

Ова го предвидуваат измените на Законот за градење, кој е донесен само пред десет дена.

Раководителот на одделението за урбанизам, Лазар Хаџи Николов појаснува дека во објектите или дел од нив треба да се стопанисува со лесна незагадувачка индустрија и да се наоѓа на земјиште кое согласно урбанистичко планската документација е предвидена за соодветната намена и да има регулиран правен статус.

Владата ги поедностави и постапките за легалните стопански капацитети, кои ќе можат да постават сончеви цетрали со моќност до 40 киловати.

Во Општина Штип досега 30 штипски компании имаат побарано дозволи за градба на фотоволтаични централи на кровните конструкции, пренесува телевизијата.

Во индустриската зона во поранешен Астибо нема комапнија, која не произведува струја од сонцето.

Кирил Нашков стопанственик вели дека големите сметки за струја ги натерале на овие инвестиции.

Во земјава се појавија и голем број на фирми, кои монтираат фотонапонски централи.

Понудите се различни,но и квалитетот на фотонапоските панели.