Ќе се зголеми ли ДДВ-то од 18 на 19,5 отсто?
„Бизнис заедницата предложи да се зголеми ДДВ-то на 19,5 проценти. Треба да ги разгледаме сите аргументи, да направиме анализа и да видиме што добиваме, а што губиме пред да донесеме одлука“, изјави Мицкоски.
На втората по ред седница на Економско-социјалниот совет, бизнис заедницата предложила данокот на додадена вредност (ДДВ) да се зголеми од 18 на 19,5 отсто. Премиерот Христијан Мицкоски ова го соопшти на попладневната прес-конференција, нагласувајќи дека ќе се направи анализа на предлогот пред да се донесе конечна одлука.
„Бизнис заедницата предложи да се зголеми ДДВ-то на 19,5 проценти. Треба да ги разгледаме сите аргументи, да направиме анализа и да видиме што добиваме, а што губиме пред да донесеме одлука“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека ова барање е дел од повеќе барања од засегнатите страни што Владата не ги прифатила, вклучително и предложеното зголемување на старосната граница за пензионирање како мерка за надминување на буџетската дупка во Фондот за пензиско осигурување. Премиерот потврди дека состојбата во Фондот е стабилна и дека дупката ќе биде покриена од централниот буџет додека вториот пензиски столб не почне да придонесува за исплатата на пензиите.