„Здравството ќе функционира како што функционира и во изминативе 30 години и нема да се соочиме воопшто со недостиг на електрична или пак топлинска енергија“ изјави министерот за здравство, Беким Сали.
Во одговор на новинарско прашање на денешното примопредавање на донација од Исламик Релиф на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, министерот Сали информираше дека пред две недели е пуштен допис до сите јавни здравствени установи да се погрижат за минималната заштеда на електрична енергија.
„Доколку успееме да заштедиме до пет проценти, не во виталниот дел, туку во деловите што се поддршка, како на пример ноќно осветлување на објектите, парковите ќе оствариме минимална заштеда во целосниот систем“ – изјави министерот.