Ќе паѓа данокот на добивка – експертите со поделени мислења како тоа ќе се одрази врз домашната економија
Во светло на најавените економски реформи од страна на премиерот Христијан Мицкоски, кои вклучуваат значително намалување на данокот на добивка за мултинационални компании со добивка над 50 милиони евра, експертите се поделени во своите мислења.
Додека едни го поздравуваат потегот како смел чекор кон привлекување на странски инвестиции и консолидација на бизнисот во земјата, други изразуваат загриженост за потенцијалните долгорочни последици врз државниот буџет и социјалната рамнотежа.
„Намалувањето на данокот на добивка може да создаде позитивна клима за инвестиции и да ја засили конкурентноста на Македонија на меѓународниот пазар. Сепак, мора да се внимава да не се наруши фискалната стабилност и да се обезбеди сите сектори да придонесат кон општественото благосостојба“, објаснува експерт за економски прашања
Од друга страна, друг финансиски аналитичар изразува загриженост:
„Додека ова намалување може да изгледа привлечно за големите корпорации, постои ризик дека ќе се создаде систем каде што поголемите играчи ќе имаат несразмерно големи придобивки во споредба со малите и средни претпријатија, што може да доведе до поголема економска нееднаквост“.
Инаку, премиерот Мицкоски најави дека ќе има намалување на повеќе денови, а данокот на добивка ќе биде меѓу првите што ќе биде намален.
Тој рече и дека ќе добијат субвенција сите мултинационални компании што планираат добивката од 50 милиони евра да ја консолидираат во земјава.
„Апсолутно во периодот којшто следува ќе ја анализираме и таа појава. Ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот“, порача Мицкоски.
Прв чекор кон намалуваме на даноците ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра, истакна премиерот.
„Плус, ќе добијат би рекол субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 проценти. До сега беше до 10 проценти фиксна, во овој случај ќе биде до 5 проценти“, истакна премиерот.