
Ќе има толеранција за брзината во „Сејф Сити“, но нема да важи за кривична одговорност, најави Тошковски
Според Тошковски, ваков праг на толеранција постои во голем број земји и се однесува на детектирање на прекршоци преку безбедносниот систем „Сејф сити“. „Ако имаме забрана за управување возило до 50 километри на час, тоа значи дека сè што е над 50, особено ако има повреден пешак или други отежнувачки околности, ќе повлече соодветна постапка со кривична одговорност“, истакна министерот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека системот „Сејф сити“ ќе функционира со јасно утврден праг на толеранција, но исклучиво за прекршоци, додека за потешките случаи ќе следуваат постапки со кривична одговорност. Тој појасни дека правилата за толеранција не ги утврдува МВР, туку институција која сега е во рамки на Министерството за енергетика, во согласност со важечките прописи.
Според Тошковски, ваков праг на толеранција постои во голем број земји и се однесува на детектирање на прекршоци преку безбедносниот систем „Сејф сити“. „Ако имаме забрана за управување возило до 50 километри на час, тоа значи дека сè што е над 50, особено ако има повреден пешак или други отежнувачки околности, ќе повлече соодветна постапка со кривична одговорност“, истакна министерот.
Тој нагласи дека толеранцијата ќе важи само за полесни прекршоци, додека опасното возење нема да биде предмет на компромис. Како аргумент, Тошковски се повика на светските статистики, кои, според него, јасно ја покажуваат опасноста од пречекорување на брзината.
„Статистиката покажува дека кога се вози со 60 километри на час, шансите за преживување се речиси минимални. Од 10 лица, во просек преживуваат само две“, рече Тошковски, потенцирајќи дека целта на „Сејф сити“ е зголемување на безбедноста и намалување на тешките сообраќајни несреќи, објави Скопје1.мк.