Ќе го платиме долгот, ако ни ги отпишат каматите, велат жителите на Слупчане
Екипите на ЕВН сè уште не можат да влезат во селото Слупчане за да ја реконструираат дистрибутивната мрежа бидејќи жителите го блокирале влезот во селото и им се заканиле на работниците.
ЕВН информира дека било известено Министерството за внатрешни работи (МВР) за случајот, но и покрај тоа жителите на селото не попуштаат и не дозволуваат на екипите да работат на мрежата.
-Подготвени сме да го платиме долгот кон ЕВН, но не сакаме да плаќаме камата на каматата. Ветувањата кон селаните досега не беа исполнети, а тоа е уште една причина за револт, вели претседателот на месната заедница Селадин Шаини за „ТВ Њуз“.
Според пресметките на ЕВН, во ова село се краде 80 отсто од годишно потрошената електрична енергија, односно се наплаќа само 20 отсто од потрошените количини.