Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, рече Нетанјаху

-Тие ќе бидат елиминирани – рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис.

-Тие ќе бидат елиминирани – рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни.

Тој, исто така, нагласи дека заштитата на израелските сили во Газа е приоритет.

-Мојата наредба е јасна – доколку има каков било обид за напад врз нашите војници, ќе ги нападнеме напаѓачите и нивните мрежи, во одбрана на нашите трупи – рече Нетанјаху.

Тој нагласи дека Хамас ќе биде разоружан, а Газа ќе биде демилитаризирана.