
На насловната страница на вчерашното издание на Њујорк пост беше фотографија на рускиот претседател Владимир Путин со наслов: „ОВА Е ДИКТАТОР и 10 други вистини за украинската војна кои ги игнорираме на наша опасност“.
Насловната беше објавена откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „диктатор“ претходно оваа недела. Во исто време, Трамп никогаш не го нарече Путин „диктатор“.
Интересно е што „Њујорк пост“ е конзервативен дневен таблоид кој најмногу пишува афирмативно за Трамп. За време на подемот и владеењето на Трамп, таблоидот често ја промовираше неговата политика, а истовремено ги напаѓаше демократите и либералните медиуми.
Иако во одредени случаи има критички коментари за конкретни одлуки или контроверзни настани, уредничкиот тон најмногу ги поддржува ставовите на Трамп.
„Њу Јорк Пост“ е основан во 1801 година од Александар Хамилтон и ги менува политичките насоки низ својата историја. Денес е во сопственост на медиумската компанија News Corp, предводена од Руперт Мардок.
Статијата на која се однесува насловната е напишана од Даглас Мареј. Го пренесуваме во продолжение:
„Ова беше збунувачка и дезориентирачка недела во меѓународната дипломатија, со диви импликации за Украина, иднината на позицијата на Америка во светот и наследството на претседателот Трамп.Трамп е апсолутно во право што сака да стави крај на крвопролевањето во Украина. Страдањето беше страшно, а ќор-сокакот брутален. Но, среде бурата од диви мислења што се прошири од Белата куќа наваму оваа недела, има најмалку 10 вистини до кои секој американски гласач мора да се држи.
Во брзањето на Трамп да стави крај на крвопролевањето, токму тоа се вистините со кои ќе се мери и дефинира секој договор кога ќе се напишат историските книги. Игнорирањето на овие факти или недавањето соодветна тежина, исто така, ќе има огромни последици во децениите што доаѓаат“.
Ова се 10-те вистини за кои треба да размислите:
Путин ја започна војната.
Русија се бори за освојување.
Украина се бори за своја независност.
Украинците не се Руси.
Путин е диктатор.
Зеленски не е диктатор.
Русија не е пријател на САД.
Украина е пријател на САД.
На Путин не може да му се верува.
Американската помош за Украина не е залудно потрошена.