Љутков: Наместо да работи во интерес на културните работници, раководството на СКРМ систематски шири дезинформации

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков оцени дека се „обид за манипулација на јавноста и инструментализирање на културниот сектор за политички цели“ обвинувањата од Синдикатот за култура на Република Македонија и, во реакција до медиумите, посочи дека раководството на СКРМ подолг период „свесно и тенденциозно пласира неточни информации во јавноста“ со намера  да создаде погрешна слика дека тој како министер за култура работи против интересите на културните работници.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков оцени дека се „обид за манипулација на јавноста и инструментализирање на културниот сектор за политички цели“ обвинувањата од Синдикатот за култура на Република Македонија и, во реакција до медиумите, посочи дека раководството на СКРМ подолг период „свесно и тенденциозно пласира неточни информации во јавноста“ со намера  да создаде погрешна слика дека тој како министер за култура работи против интересите на културните работници.

-Јас, како министер за култура, во ниту еден момент не сум ги довел во прашање правата на културните работници. Напротив, континуирано и активно се залагам за реален, а не за декларативен социјален дијалог. Тоа е потврдено преку бројни иницијативи за состаноци и отворена комуникација, кои од страна на СКРМ често се игнорираат или одбиваат. Фактот што колективниот договор е истечен веќе четири години е сериозен институционален проблем. Овој застој не е резултат на недостиг на волја од моја страна, туку на однесувањето на раководството на СКРМ, кое наместо конструктивен дијалог, избра конфронтација и создавање на кризи. Дополнително, нивното јавно пласирање информации поврзани со судски процеси пред тие да бидат донесени претставува сериозен обид за притисок врз независноста на судството и создава неприфатлив преседан. Поднесените иницијативи пред Уставниот суд се дел од демократскиот и институционален процес. Уставниот суд е единствено надлежен да ја оценува уставноста на правните акти, а не синдикални раководства кои се обидуваат да преземат таква улога. Доколку дојде до поништување на Колективниот договор, тоа ќе биде директна и неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ. Јас лично се надевам дека до таков исход нема да дојде, но фактите јасно покажуваат дека Колективниот договор повеќепати е оспоруван пред Уставниот суд како директен резултат на нивниот пристап, кој наместо решение, произведува блокади и нови проблеми, пишува Љутков во реакцијата.

Според него, синдикалните организации мора да се вратат на својата основна функција – заштита на правата на работниците и да се воздржат од политичко делување, притисоци врз институции и мешање во процеси кои не се во нивна надлежност.

-Обидите моето институционално делување да се претстави како „предавство“ се неосновани, навредливи и политички мотивирани. Вистински проблем претставува токму користењето на културните работници како инструмент за лични и политички пресметки. Културните работници не смеат да бидат заложници на раководство кое наместо да работи во нивен интерес, систематски шири дезинформации, создава поделби и ја попречува можноста за конструктивни решенија. Прашањето за финансиските импликации не е негирање на права, туку прашање на одговорно и одржливо управување со јавните финансии. Секој колективен договор мора да биде реален, спроведлив и во согласност со буџетските можности. Зголемениот буџет за култура е конкретен доказ за мојата посветеност како министер кон подобрување на условите во културниот сектор, преку мерки и политики, а не преку празни декларации. Потребно е враќање на професионалниот дијалог и прекин на политичките манипулации. Културата заслужува стабилност, институционална зрелост и партнерство, а не притисоци и лажни наративи, наведува Љутков.

Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) во објава на Фејсбук наведе дека „Зоран Љутков можеби смета дека е ‘чист’ и дека со еден потпис или записник ги измил рацете од одговорноста за ‘смртта’ на Колективниот договор за култура … но, одговорноста не се брише така лесно“.

СКРМ е создаден и делува на принципот на солидарност и волонтеризам и ги поддржува сите мерки кои ќе помогнат за надминување на здравствената и економската криза. Свесни сме дека новонастанат

-Исходот од судските пресуди и штетата што ѝ ја нанесе на културата со незаконски упатства и насоки не може да се сокрие, ниту да се избрише со евентуално укинување на Колективниот договор за култура. Тоа не е апсолутно никаква реформа туку обид за бегање од одговорност.  Неговите одлуки ќе останат запаметени како срамен преседан – како пример на функционер кој наместо да ги штити културните работници, свесно застана против нив, против своите, и против културата што требаше да ја брани. Колективниот договор не е само правен акт, тој е симбол на еднаквост, почитување на работнички права и достоинствен живот за културните рабитници, кои ова го чекаа повеќе од 30 години, оттурнати ан маргините на општеството.  Останува да видиме дали на 8 април Уставниот суд на Република Македонија ќе постапи согласно своите уставни надлежности и по трет пат ќе потврди дека Колективниот договор за култура е уставен и законски валиден или, под притисок на финансиски импликации, ќе ги врати вработените во културата во камено доба, пишува меѓу другото во објавата на СКРМ.