Апсењето на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се случило во турскиот град Баликесир, дознава „360 степени“.
Апсењето на Палевски доаѓа по вчерашното распишување меѓународна потерница по него.
Претходно во денот, од ОЈО Скопје соопштија дека денеска е приведено лице кое го превезло Палевски од Србија преку Бугарија до Турција.
Во секој момент се очекува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција во детали да објасни што поточно се случило.