Јунајтед ќе го раскине договорот со Кристијано Роналдо?!
Португалскиот ас Кристијано Роналдо направи скандал на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем (2:0). Најпрвин одби да влезе во игра, а потоа пред судијата да означи крај на натпреварот замина во соблекувалната.
Тренерот Ерик тен Хаг реши да го суспендира, па тој нема да патува со тимот во Лондон, на дербито против Челси. Исто така, клубот ќе го казни Роналдо и парично со 1.000.000 евра.
Роналдо се огласи на Инстаграм и се покаја за својот потег, но тука, барем според медиумите на Островот, нема да биде крај на драмата.
Како што пишува „Скај спорт“, се очекува Манчестер јунајтед и Кристијано Роналдо да седнат на маса и да дојдат до решение бидејќи е јасно дека моменталната ситуација не оди никаде и не е добра за ниту една страна.
„Извори од Манчестер јунајтед наведуваат дека активно крои стратегијата како Кристијано Роналдо безболно да го напушти клубот. Доколку неговиот агент Жорге Мендеш брзо не најде нов клуб за него, тие се подготвени да го раскинат договорот со Португалецот и да го пуштат во јануари да си замине без отштета“ – велат оттаму.
Кристијано Роналдо оваа сезона целосно падна во втор план во таборот на „Ѓаволите“. Досега одигра само 12 натпревари (најчесто како резерва), на теренот мина 691 минута.
Постигна само два гола во Лига Европа.