Јунајтед договори ново скапо засилување во Мбеумо од Брентфорд

Медиумите објавија дека преговорите околу неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ траеле еден месец, а Манчестер јунајтед ќе мора да плати отштета од 80 милиони евра.

Манчестер Јунајтед договори уште едно скапо засилување и ќе го донесе во своите редови камерунскиот напаѓач Брајан Мбеумо од Брентфорд, јавија денеска британските медиуми.

Дваесетипетгодишниот Камерунец постигна 20 голови и додаде девет асистенции минатата сезона.

Медиумите објавија дека преговорите околу неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ траеле еден месец, а Манчестер јунајтед ќе мора да плати отштета од 80 милиони евра.

Тоа е за шест милиони евра повеќе од сумата што ја платија за бразилскиот напаѓач Матеус Куња претходно ова лето.

Според медиумските извештаи, трансферот ќе биде финализиран пред сабота, кога Јунајтед заминува на американска турнеја.

Мбеумо дојде во Брентфорд од францускиот тим Троа во летото 2019 година, а англискиот клуб плати шест и пол милиони евра отштета за него. За пет сезони во Брентфорд постигна 70 голови и додаде 51 асистенции.