Јужнокорејските истражители и вторпат не успеаја да го уапсат претседателот Јун
Полицијата насилно растера околу 30 поддржувачи на Јун, откако тие ја пробија полициската бариера за да протестираат пред влезот на претседателската резиденција.
Јужнокорејските истражители не успеаја да извршат налогот за апсење на суспендираниот претседател Јун Сук Јеол, соопшти денеска Канцеларијата за истраги за корупција на високи функционери, пренесоа американските медиуми.
Инспекторите ја напуштија резиденцијата по шест часа преговори.
Членовите на Антикорупциската агенција (ЦИО) заминаа во резиденцијата на Јун за да го извршат налогот за негово апсење како дел од истрагата за неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба, објави Јонхап.
Членовите на Канцеларијата за истраги на високи функционери беа видени во раните утрински часови како товарат кутии со непозната содржина во неколку возила пред да заминат за Сеул од градот Гачеон.
Илјадници полицајци се собраа пред резиденцијата на Јун.
Полицијата насилно растера околу 30 поддржувачи на Јун, откако тие ја пробија полициската бариера за да протестираат пред влезот на претседателската резиденција.
Ова е втор обид за апсење на Јун, откако истражителите и претходниот ден не успеаја да го извршат налогот за апсење бидејќи илјадници луѓе се собраа пред неговата резиденција за да го спречат апсењето.
ЦИО доби налог за апсење на Јун откако тој ги игнорираше сите три покани да се појави на сослушување како дел од заедничката истрага на ЦИО со истражните единици на полицијата и Министерството за одбрана за воената состојба од 3 декември.