Јужна Кореја притвори лице кое ја преминало границата од Северна Кореја

Јужнокорејската војска притвори лице кое ја преминало границата од Северна Кореја вчеравечер, објави денеска Здружениот штаб на земјата.

ужнокорејската војска притвори лице кое ја преминало границата од Северна Кореја вчеравечер, објави денеска Здружениот штаб на земјата.

Лицето ја преминало воената демаркациска линија во западниот дел од централниот фронт на границата, објавија јужнокорејските медиуми.

Според краткото официјално соопштение, надлежните агенции моментално ги истражуваат околностите на преминувањето, а идентитетот на лицето сè уште не е познат.