Јувентус ќе го раскине договорот со Погба
Јувентус има намера да го раскине договорот со фудбалерот од средниот ред Пол Погба, објави „La Gazzetta dello Sport“.
Според италијанскиот весник, причина за ваквата одлука е големата плата на фудбалерот. Договорот до летото 2026 година, на Французинот му носи осум милиони евра по сезона.
Судот за спортска арбитража (CAS) вчера ја намали суспензијата на Погба од четири години на 18 месеци.
На 29 февруари 31-годишниот Французин беше дисквалификуван на четири години поради прекршување на антидопинг правилата. Во неговото тело беше откриено зголемено ниво на тестостерон.