Јувентус доби нова казна!
Јувентус нема да се соочи со ново одземање на бодови поради финансиските малверзации на поранешната управа на клубот.
Клубот од Торино е обвинет за лажирање на висините на платите и исплаќање провизии кон агентите. Се најавуваше дека „Старата дама“ ќе биде казнета со нови минус два или три бода, но сепак на крајот тоа не се случи.
Јуве ја призна вината, а за возврат, не им беа одземени бодови, туку ќе мораат да платат само парична казна.
Паричната казна е во износ од 720.000 евра.
За разлика од клубот, поранешниот прв човек на клубот, Андреа Ањели одби признавање на вина и судот одреди нов датум за почеток за процес против поранешниот прв човек на Јувентус.
Првото рочиште од тој процес ќе се одржи на 15-ти јуни.