Јувентус го очекува пекол, УЕФА ќе го исфрли од сите натпреварувања

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус повторно е на работ на егзистенцијата, како пред 17 години кога беше исфрлен во Серија Б.

Новата казна што ја доби не е толку строга, но „бјанконерите“ автоматски излегоа од борбата за титулата во Серија А, како и од борбата за место во Лигата на шампионите. Газета дело спорт тврди дека тоа нема да биде се од репертоарот казни за Јувентус бидејќи на торинскиот клуб сега му се заканува суспензија и од УЕФА.

Наводно, европската куќа на фудбалот не би имала проблем да го суспендира Јувентус и да му забрани играње во меѓународните купови следните години. Евентуалната казна би стапила на сила во првата година кога Јувентус ќе избнори играње во Европа, а висината ќе биде одредена дополнително.

За потсетување, Јувентус нема трофеј во Лигата на шампионите од 1996 година.