
Вработените на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) 2025-та година ја завршија без исплатен К-15.
Законската обврска од страна на државата не беше исполнета до 31.декември, а вработените најавуваат тужба.
Минатата година, на вработените им беше исплатен помал износ на К-15 и тоа на два дела, што е против законски и има тековна тужба која сѐ уште нема епилог.
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во својата кампања ветуваше решавање на состојбите во ЈСП, но сепак, вработените не ги добија своите средства.
Ѓорѓиевски, сепак, со новиот буџет на Градот најави 15 милиони евра за ЈСП „Скопје“ и рече дека ова е рекордна висина на субвенции кои ги добива претпријатието.
Минатата недела, според изворите на Локално, синдикатите во склоп на ЈСП на состанок разговарале со директорот на претпријатието и се договориле К-15 да биде зголемен на 18,000 денари, и договореното било одобрено од Управниот одбор.
извор: Локално.мк