ЈСП: Жичницата на Водно има валиден сертификат, во тек е редовен сервис

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ги демантира шпекулациите околу безбедноста на жичницата „Милениумски крст“ и информира дека таа има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ги демантира шпекулациите околу безбедноста на жичницата „Милениумски крст“ и информира дека таа има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година.

„Во моментов се изведуваат сервисни работи кои се дел од редовниот годишен сервис и вклучуваат замена на одредени делови“, соопштија од претпријатието.

Дополнително, денеска е извршен и вонреден технички инспекциски надзор од страна на Министерството за транспорт и врски. При контролата не биле утврдени никакви технички недостатоци, односно констатирано е дека жичницата е целосно исправна и функционална.

„Безбедноста на жичницата е по сите пропишани стандарди. По завршување на тековниот сервис, кој се спроведува овој месец, жителите и посетителите повторно ќе може да уживаат во возењето до падините на Водно“, велат од ЈСП.

Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала луѓе?!