
ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници
ЈП „Градски паркинг“ - Скопје информира дека денеска нема да наплаќа паркинг на јавните паркиралишта Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека денеска нема да наплаќа паркинг на јавните паркиралишта Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември.
Од претпријатието изразуваат длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани, а на повредените им посакува брзо опоравување.
-ЈП „Градски паркинг”- Скопје со своите ресурсу стои на располагање за каква било помош и со таа цел претпријатието донесе одлука денес да не се врши наплата на услугата паркирање на јавните паркиралишта: Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември, се посочува во објавата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.