
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во Старата скопска чаршија, каде еден турски државјанин бил убиен, а еден повреден. Издадени се и наредби за прибирање докази.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на локација во Старата скопска чаршија каде околу 1 часот по полноќ беа пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет, од кои едниот малку подоцна почина. Издадени се итни наредби за обезбедување докази и МВР постапува за откривање на сторител на кривично дело и расчистување на настанот“, стои во соопштението на ЈО.
Претходно, денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиениот турски државјанин, кажа дека во инцидентот е тешко телесно повредено уште едно лице и оти двајцата добиле повреди од остар нож.